За развој и промоција на туризмот, Владата планира годинава да потроши 2,5 милиони евра. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, целта е да се привлечат дополнителен број странски туристи. Привлекувањето странски туристи ќе се субвенционира со еден милион евра, додека 860 илјади евра ќе бидат наменети за конвенционално промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Електронската промоција, пак, на интернет, преку социјалните мрежи и веб-порталите, ќе биде поддржана со околу 80 илјади евра. Ќе биде ставен фокус и на транзитните туристи кои минуваат низ Македонија кога патуваат кон своите крајни туристички одредишта. За оваа цел се предвидени три милиони денари со кои ќе се изготви промотивен материјал кој по точно утврдена агенда ќе се дистрибуира на фреквентните сообраќајници и граничните премини.
За развој и промоција на туризмот, Владата планира годинава да потроши 2,5 милиони евра. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, целта е да се привлечат дополнителен број странски туристи.
Привлекувањето странски туристи ќе се субвенционира со еден милион евра, додека 860 илјади евра ќе бидат наменети за конвенционално промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Електронската промоција, пак, на интернет, преку социјалните мрежи и веб-порталите, ќе биде поддржана со околу 80 илјади евра.
„Ќе биде ставен фокус и на транзитните туристи кои минуваат низ Македонија кога патуваат кон своите крајни туристички одредишта. За оваа цел се предвидени три милиони денари со кои ќе се изготви промотивен материјал кој по точно утврдена агенда ќе се дистрибуира на фреквентните сообраќајници и граничните премини“, изјави Ѓорѓиев.
Тој истакна дека финалните анализи за туризмот во 2012 година се' уште не се направени. Но, заклучно со третиот квартал, најпосетени од домашни и странски туристи биле градот Скопје, во езерскиот регион Охрид и Струга, во планинскиот Маврово и Попова Шапка.